СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ОСЛАБНА СО ПОМОШ НА ЛЕКОВИ „Многумина имаат стигма околу GLP-1 лековите, но понекогаш ви треба помош“

Поранешната тенисерка изгубила повеќе од 13 килограми откако одлучила да зема лекови за слабеење. Измачувањето на Серена да ослабне и покрај нејзиното високо ниво на физичка подготвеност и здравата исхрана ја поттикна да ја донесе одлуката и да го направи тоа со помош на лекови

114

Серена Вилијамс ја покажа својата најтенка фигура досега на селфи направено пред огледалото во бањата додека тениската ѕвезда си ги мие забите.

На фотографијата Серена беше облечена во едноставна сива маичка и темно сиви боксерки, а косата ѝ е собрана зад рамената.






Фотографијата брзо исчезна од нејзиниот профил, но се прошири низ социјалните мрежи.
Серена веќе објасни дека изгубила повеќе од 13 килограми за осум месеци, користејќи лекови за слабеење.
Фото: Принтскрин

– Јас сум многу добар пример за тоа како можете да правите сè – да се храните здраво, да вежбате до тој степен што дури и ќе играте професионален спорт и ќе стигнете до финалето на Вимблдон и Отвореното првенство на САД – а сепак да не можете да ослабнете – изјавила таа за Women’s Health.

– Лекот GLP-1 не е кратенка. Не е изговор. Тоа е само уште една алатка за поддршка на моето здравствено патување – објаснува Серена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Серена додаде дека долго време се обидувала да ослабе, но не можела да постигне резултати.

– Мислам дека многу жени се соочуваат со сличен проблем, вежбаш, се храниш здраво, а сепак не можеш да стигнеш до посакуваната тежина. Сега се чувствувам полесно психички, посекси, самоуверено – вели таа.

По раѓањето на ќерката Алексис Олимпија во 2017 година, Серена имала проблеми со килограмите, а сличен проблем имала и по раѓањето на втората ќерка, Адира Ривер, во август 2023. Потоа започнала да истражува за лековите за слабеење, се едуцирала за нив и започнала да ги користи.

Започнала со неделни инјекции околу шест месеци по раѓањето на Адира, кога престанала да дои.

Серена објасни дека губењето на килограмите ѝ помогнало да се чувствува поенергично, полесно, и да има помалку болки во зглобовите.

Таа нагласи дека никогаш не се чувствувала под притисок да изгледа на одреден начин и дека лекот го користела за да може да има здрав живот, а не само за да биде послаба.

– Секогаш сум се чувствувала удобно во која било големина. Но, чувствував дека моето тело не ја сака таа тежина. Имав болки во зглобовите и во различни делови од телото поради вишокот килограми откако станав мајка – вели таа.

Поврзани содржини