ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА Еве што се случува со возилата управувани без возачка дозвола

Извор од МВР појаснува и во кои конкретни случаи се смета дека возилото е управувано без возачка дозвола.

1,332

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи има право да одземе такво возило.

Ова е појаснувањето што Плусинфо го доби од извор во МВР, по дилемите што се појавија на социјалните мрежи дали возилата управувани без возачка дозвола се одземаат привремено или трајно.






– За трајно конфискување одземено возило е неопходна правосилна судска пресуда – објаснува нашиот извор од МВР.

Под управување без возачка дозвола се смета возачот никогаш да не положил возачки испит, дозволата да му е трајно одземена, или да управува со возилото во период кога му е изречена мерка привремена забрана за управување со моторно возило.

Поврзани содржини