ДРОГА, ФАНТОМКА И ПИШТОЛ ВО СТАН ВО ЦЕНТАР Претрес во дом на 23-годишник заврши со апсење
Претресот бил извршен со судска наредба во неговиот дом на подрачјето на Центар. Сите предмети биле одземени и обезбедени.
Марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети биле пронајдени при претрес во дом на 23-годишниот Ѓ.С. од Скопје, по што тој бил лишен од слобода од полициски службеници на СВР Скопје.
Претресот бил извршен со судска наредба во неговиот дом на подрачјето на Центар. Сите предмети биле одземени и обезбедени.
Лицето било приведено и задржано. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок до надлежното обвинителство, соопштија од Министерството за внатрешни работи.