ПРОТЕСТ ГО БЛОКИРА ПАТОТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО КАЈ ПЛЕТВАР Поставени се возила, гуми и други предмети

Протестираат околу 150 лица, поради измените во Законот за безбедност во сообраќајот.

1,128

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради најавен јавен собир на околу 150 лица на крстосница за село Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци.

Протестираат лица од ромска националност поради измените на Законот за безбедност во сообраќајот, а на блокадата има поставено возила, гуми и други предмети.






Исто така, кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје према Охрид, возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, информира АМСМ.

Поврзани содржини