ТЕХНОЛОГИЈА И НЕГА ВО ЕДНО „Аитоникс“ ги дистрибуира и производите од линијата Philips Personal Care

Новата дистрибутивна улога на „АИТОНИКС“ претставува значаен чекор во стратешкиот развој на компанијата со што ја проширува нивната понуда и ја потврдува посветеноста кон квалитет и долгорочен раст.

246

Македонската компанија „АИТОНИКС“, која е една од најголемите фирми за дистрибуција на технолошки производи на нашиот пазар, го објави проширувањрето на своето портфолио со производи од сегментот Personal Care на Philips.

Новата дистрибутивна улога на „АИТОНИКС“ претставува значаен чекор во стратешкиот развој на компанијата со што ја проширува нивната понуда и ја потврдува посветеноста кон квалитет и долгорочен раст.






Philips е глобално препознатлив бренд со децениска традиција на технолошка супериорност и иновации. Со фокус на одржлив развој, напреден дизајн и практичност, Philips креира производи што одговараат на потребите на современиот начин на живот. Со ова проширување, покрај постојната понуда, „АИТОНИКС“ ќе овозможи достапност на внимателно избрана палета на Philips Personal Care производи, наменети за целосна нега и стил.

– Нашата соработка со Philips постојано се развива, а проширувањето во категоријата Personal Care е природно продолжение на заедничката визија за развој, иновации и достапност на квалитетни производи на македонскиот пазар. Веруваме дека оваа понуда ќе донесе додадена вредност за нашите партнери и крајни корисници – изјави Робертино Христов, Product Manager за Philips во „АИТОНИКС“.

Кои Philips Personal Care производи ќе бидат достапни преку „АИТОНИКС“?

Philips OneBlade

Иновативно решение за потстрижување, обликување и бричење, Philips OneBlade комбинира практичност и перформанси во еден уред. Со модерен дизајн и напредна технологија за удобна употреба, OneBlade овозможува брзи и прецизни резултати, совршени за динамичниот секојдневен стил.

Philips Multigroomers

Мултифункционални уреди дизајнирани за целосна и флексибилна лична нега, Philips Multigroomers нудат практичност и разновидност во еден уред. Со богат сет додатоци и сигурни перформанси, тие овозможуваат лесно прилагодување на секој стил и се идеален избор за секојдневна употреба.

Philips IPL уреди

Philips IPL уредите нудат напредно решение за долготрајна лична нега од удобноста на домот. Со интелигентна технологија и вградени безбедносни сензори, тие овозможуваат ефикасна, контролирана и нежна употреба, прилагодена на современиот начин на живот.

Philips Epilators

Епилаторите од Philips се дизајнирани да обезбедат сигурни и долготрајни резултати со чувство на удобност. Комбинирајќи прецизна технологија и ергономски дизајн, тие претставуваат практично решение за секојдневна лична нега.

Philips електрични четки за заби

Со напредната Sonicare технологија, електричните четки за заби од Philips поставуваат нови стандарди во секојдневната орална хигиена. Тие овозможуваат темелно и ефикасно чистење, придонесувајќи за свежо чувство и долготрајна грижа за оралното здравје.

Фенови, пегли и фигара за коса

Philips нуди современи уреди за стилизирање на коса кои комбинираат моќ, прецизност и заштита. Со напредни технологии и елегантен дизајн, овие уреди овозможуваат професионален изглед и лесно стилизирање во домашни услови.

Со проширувањето на дистрибуцијата на Philips Personal Care производите, „АИТОНИКС“ ја зацврстува својата позиција како доверлив партнер за врвни светски брендови и иновативни решенија. Оваа соработка отвора нови можности за пазарот и овозможува поширока достапност на македонските корисници до квалитетни производи кои одговараат на потребите на современите потрошувачи.

За повеќе информации во врска со уредите од Philips, контактирајте го продажниот тим во „АИТОНИКС“ на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected].

 

Поврзани содржини