ГРЕНЛАНД Е ПОД АМЕРИКАНСКИ ПРИТИСОК Премиерот предупредува дека Вашингтон сака контрола врз островот

Иако Трамп ја исклучи воената опција, гренландскиот премиер тврди дека Вашингтон продолжува да бара начини за политичка и стратешка контрола врз островот.

183

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, предупреди дека Соединетите Американски Држави и натаму имаат сериозна намера да воспостават контрола врз островот, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја исклучи можноста за употреба на воена сила.

Обраќајќи се пред данскиот парламент, Нилсен истакна дека ставот на Вашингтон кон Гренланд не е променет и дека американската администрација продолжува да гледа на островот како на стратешка територија што треба да биде поврзана со САД.






– Ставот на Трамп за Гренланд и неговите жители останува ист – Гренланд мора да биде поврзан со САД, а управувањето со островот да биде под американска надлежност – предупреди гренландскиот премиер.

Според него, САД и понатаму бараат начини како да стекнат сопствеништво и политичка контрола врз Гренланд, користејќи дипломатски, економски и безбедносни аргументи, наместо директен притисок.

На почетокот на оваа година, претседателот Доналд Трамп повторно ја засили реториката за американската улога на Арктикот, при што Гренланд го посочи како клучна точка за националната безбедност и геополитичките интереси на САД.

Изјавите на Нилсен доаѓаат во чувствителен момент, кога односите меѓу Гренланд, Данска и САД се под лупа, а идниот статус на островот повторно станува тема на меѓународни дебати.

Поврзани содржини