ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЌЕ ДОБИЕ ОСМО ДЕТЕ Марк Ентони има близнаци со Џеј Ло и уште пет деца од други бракови и врски

Марк Ентони и неговата 22 години помлада сопруга, поранешната мис на Парагвај, Надија Фереира, го очекуваат своето второ дете. Двојката која веќе го има синчето Маркито, ја прослави тригодишнината од бракот

221

 

Марк Ентони и Надија Фереира објавија дека го очекуваат своето второ дете, а нивниот син Маркито наскоро ќе стане постар брат.Марк Ентони и неговата сопруга, поранешната мис Парагвај Надија Фереира, ги воодушевија своите следбеници со објавата на заедничката фотографија на која се гледаат нивните раце и рацете на нивниот двегодишен син Марк како го допираат трудничкиот стомак на Надија.

– Среќна трета годишнина – напишаа тие покрај објавата, додавајќи ја пораката: „Каков огромен подарок ни даде животот. Бог е голем.“

Фереира го сумираше ова со зборовите: „Маркито ќе стане постар брат.“

Со доаѓањето на новото бебе, познатиот пејач ќе стане татко на осум деца. Покрај синот со Надија, Ентони има уште седум деца од претходните врски и бракови, вклучувајќи ги близнаците Еме и Макс од бракот со Џенифер Лопез.

Иако ретко го споделува својот приватен живот со јавноста, Ентони претходно нагласи колку е важно татковството за него во овој период од неговиот живот.

– Имам прекрасно семејство и уживам во оваа фаза од мојот живот – рече тој минатата година, шегувајќи се дека се обидува да остане во добри односи со сопругата.

Поврзани содржини