МУЦУНСКИ И КОС РАЗГОВАРАА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ И ЗА ТАРИФИТЕ ЗА ЧЕЛИК Потребна е навремена и координирана реакција, за да се избегне штета
Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда, соопшти МНР.
Актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес беа во фокусот на телефонскот разговор попладневно меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија“, соопшти МНР.
Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, се додава во соопштението, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.