МАКЕДОНСКИТЕ КАМИОНЏИИ ПОПЛАДНЕВНО ОДЛУЧУВААТ ЗА БЛОКАДИТЕ НА ГРАНИЦИТЕ Решението ќе биде во координација со колегите од регионот

Превозниците од регионот четврти ден ги блокираат границите кон Европската Унија со барање да се реши нивниот проблем со ограничениот престој во шенген зоната.

755

По објавата на предлогот на Европската комисија со новата стратегија за визи да се разгледа поголема флексибилност за престој на камионџиите од Западниот Балкан во ЕУ, асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево на состанок одлучува за идните чекори на превозниците од државата, кои со колегите од Западен Балкан четврти ден ги блокираат граничните премини во делот на товарниот сообраќај кон шенген-зоната.

Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот на превозниците што веќе четири дена ги блокираат граничните премини кон шенген-зоната.






ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГИ ПРИФАТИ ВОЗАЧИТЕ НА КАМИОНИ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЦИ Николоски објави дел од нацрт Стратегијата за визи на Унијата

Извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, при презентацијата на стратегијата за визи на ЕУ и на европската стратегија за управување со азил и миграција, усвоени на денешната седница на Колеџот на комесарите, рече дека со стратегијата предлагаат да разгледаат поголема флексибилност за превозниците, како што рече, секако без да се загрози безбедноста, а во исто време и да не се променат правилата, дури кога станува збор и за безвизно патување.

ЕУ НАЈАВУВА ФЛЕКСИБИЛНИ ПРАВИЛА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИТЕ РАБОТНИЦИ Новата визна стратегија ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан

Поврзани содржини