ТЕМУ Ѝ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА НА МЕЛОНИ Се обиде да го заузда со 2 евра данок, се случи обратното

Мерката се врати како бумеранг, а целиот логистички сектор губи работни места, изјави Валентина Менин, извршна директорка на индустриската група Асаеропорти, која управува со 32 италијански аеродроми.

679

Италијанската премиерка  воведе данок од 2 евра за секој мал пакет што пристигнува во Италија од земји надвор од , со јасна цел да го сопре цунамито од евтина стока од  и  и со тоа да го наполни државниот буџет. Наместо пари, Италија доби логистички хаос.

Данокот стапи на сила на 1 јануари 2026 година и важи за пратки со вредност под 150 евра. Владата сметаше дека мерката ќе донесе 122 милиони евра само во 2026 година, а потоа и двојно повеќе.






Бумеранг ефектот што ги испразни аеродромите

Логистичките компании и аеродромските оператори пријавија нагло намалување на директните воздушни пратки од земји надвор од ЕУ. Бројот на мали пакети што стигнале директно во Италија меѓу 1 и 20 јануари паднал за 36 проценти во споредба со истиот период лани.

– Мерката се врати како бумеранг, а целиот логистички сектор губи работни места – изјави Валентина Менин, извршна директорка на индустриската група Асаеропорти, која управува со 32 италијански аеродроми.

Како трговците ја заобиколија таксата

Товарните авиони од Кина и од други земји надвор од ЕУ повеќе не слетуваат директно во Италија. Наместо тоа, прво пристигнуваат во Белгија, Холандија или Унгарија, а потоа пратките продолжуваат со камиони кон Италија. Така, данокот практично се избегнува.

Според податоците од секторот, најмалку 30 карго-летови биле пренасочени од Милано Малпенса кон Лиеж, Амстердам и Будимпешта. Малпенса инаку прима околу 60 проценти од целокупниот воздушен товар за Италија.

Европска мерка што доаѓа подоцна

Проблемот за Рим е и тајмингот. Во декември, европските министри за финансии се договорија од 1 јули 2026 година привремено да воведат фиксна такса од 3 евра за сите мали пакети што пристигнуваат во ЕУ. Италија реши да оди чекор понапред, но остана осамена.

Затоа дел од италијанските пратеници сега бараат одложување на националниот данок до јули, за мерката да стапи на сила истовремено во целиот блок и да нема простор за заобиколување.

Милиони пакети дневно, главно од Кина

Според Европскиот економски и социјален комитет, во ЕУ секој ден пристигнуваат околу 12 милиони мали пакети со облека, козметика и играчки. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.

Освен што создаваат нелојална конкуренција за европските трговци, овие пратки често се под лупа поради сомнежи за здравствени и безбедносни стандарди.

И други земји тргнаа по истиот пат

Италија не е единствена. Романија воведе такса од 25 леи, околу 5 евра, по пакет од 1 јануари 2026 година. Консултантската куќа  предупредува дека европската такса ќе важи без оглед каде првпат е внесена стоката во ЕУ, што значи дека од јули заобиколувањето ќе стане речиси невозможно.

Поврзани содржини