ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ГРАДЕЊЕ ГРОБИШТА ЗА МИЛЕНИЦИ ВО ОПШТИНИТЕ На заеднички состанок беа разгледувани можностите и идеите
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски откри дека претстои дефинирање на локации во општините за изградба на гробиштата и планирање на инфраструктурата. Присутните на состанокот се согласиле и околу предлогот да се воспостави систем на прифатилишта за бездомни животни во секоја локална самоуправа.
Клучни институции ја поддржале иницијативата за градење на гробишта за миленици во Скопје која ја поднесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Од АХВ соопштија дека, по состанок, зелено светло дале Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС.
– Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија – рече на состанокот министерот Перински.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски откри дека претстои дефинирање на локации во општините за изградба на гробиштата и планирање на инфраструктурата за да може тие целосно да се стават во функција на граѓаните.
Ѓорѓиевски изрази подготвеност за поддршка на АХВ и преку вклучување на општинските инспектори и општинските комунални редари во врска со проблемот со бездомните кучиња.
За иницијативата е потребна заедничка соработка на институциите.
Присутните на состанокот се согласиле и околу предлогот да се воспостави систем на прифатилишта за бездомни животни во секоја локална самоуправа.
„Предлогот наиде на поддршка и од министерот Перински и од градонсчалникот на Град Скопје Ѓорѓиевки, со ветување дека и локалните самоуправи активно ќе се вклучат во имплементацијата на претстојните законски измени“, соопшти АХВ.
Според Директорот на АХВ, Оливер Миланов, во предлог законските измени се веќе инкорпорирани забелешките и предлозите кои ги дадоа здруженијата за заштита и благосостојба на животните, а во предвид ќе се земат и предлозите на општините.
– Како одговорна институција и за здравстената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе им помогне на општините во однос на решавање на техничките прашања при воспоставувањето на системот за контрола на популацијата бездомни кучиња, согласно можностите, надлежноста и овластувањата на АХВ – заклучи Миланов.
ЗОШТО ВО СКОПЈЕ НЕМА ГРОБИШТА ЗА МИЛЕНИЦИ? Сте го чувале 15 години, а треба да го фрлите на ѓубриште