ПАЃА ДОВЕРБАТА ВО АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАРОТ Инвеститорите се свртија кон златото и другите валути

Аналитичарите очекуваат понатамошен пад на доларот поради притисокот на Трамп врз Федералните резерви, состојбата на американската економија и растечкиот јавен долг.

179

Американскиот долар падна на најниско ниво за речиси четири години откако американскиот претседател Доналд Трамп ги минимизираше загриженоста за слабоста на валутата за време на говорот во Ајова, поттикнувајќи ги инвеститорите да бараат побезбедни инвестиции како што се златото и швајцарскиот франк.

Доларот падна за 1,3% во однос на главните светски валути по коментарите на Трамп.






Утрово е во пад од 0,2%.

Трамп рече дека послабиот долар е „одличен“ за него и дека вредноста на американската валута е добра со оглед на бизнисот на Соединетите Американски Држави.

Вредноста на доларот падна за 10% во последната година, што има повеќекратни последици, предупредува брокерот Стив Сосник.

– Послабиот долар им помага на компаниите што заработуваат во странски валути, но увозот станува поскап, па затоа се можни инфлаторни притисоци во Соединетите Држави, забележа Сосник.

Швајцарскиот франк е на највисоко ниво во однос на доларот за десет години, додека вредноста на еврото се искачи на 1,2 долари.

Аналитичарите очекуваат понатамошен пад на доларот поради притисокот на Трамп врз Федералните резерви, состојбата на американската економија и растечкиот јавен долг.

Поврзани содржини