НЕ ЗНАЕ ОСНОВНИ РАБОТИ ЗА УКРАИНА И ЗА ВОЈНАТА Украинците шокирани од преговарачот на Трамп

Функционерот признал дека не знае кога војната во Украина започнала, но подоцна тврдела дека таа трае подолго од Втората светска војна. Исто така, според преговарачот на Трамп, потпретседател на Украина е Кирило Буданов, актуелниот шеф на разузнавањето.

304

Клучен американски пратеник, близок до Доналд Трамп изјавил дека потпретседател на Украина е Кирило Буданов, актуелниот шеф на разузнавањето. Вака тврди „Киев Индепендент“ по средбата на преговарачот на Трамп со новинарите.

Според весникот, функционерот учествувал во преговори со Москва и со Киев, токму во момент кога дипломатскиот притисок се засилува.






Но, според украинскиот Устав во Украина не постои функција потпретседател. Заменик на претседателот може да биде само претседателот на парламентот, додека шефот на кабинетот на претседателот може само да биде координатор, но не и заменик.

„Киев индепендент“ не го именува функциониерот туку само наведува дека се работи за постар функционер кој направил и неколку други гафови на истата средба зад затворени врати.

Американската делегација во преговорите ја предводи специјалниот пратеник Стив Виткоф, додека во тимот се и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, кој во моментот ја извршува функцијата неформален политички советник.

„А кога е годишнината од војната?“

Непознавањето на основните факти продолжило и кога разговорот се насочил кон временската рамка на војната.
На прашање дали напорите на администрацијата на Трамп имаат цел да доведат до крај на конфликтот до четвртата годишнина од целосната инвазија, функционерот признал дека не знае кога таа започнала.

– Не бев свесен за датумот на годишнината и не мислам дека чувствуваме притисок затоа што е четврта годишнина – рекол тој.

Русија ја започна целосната инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, а конфликтот следниот месец влегува во својата четврта година.

„Војната траеше подолго од Втората светска војна“

Ситуацијата станала уште посериозна кога функционерот тврдел дека војната во Украина траела подолго од Втората светска војна, изјава која е историски неточна.

Иако сегашната војна трае подолго од германско-советската војна од 1941 до 1945 година, Втората светска војна како глобален конфликт започна во 1939 и заврши во 1945 година, што значи дека траела значително подолго.

Територијата како „недвижност“

Мережко дополнително предупредил дека територијалните прашања се третираат како имот.

– Тие гледаат на територијата како на недвижност, што е сосема погрешно. Не ги знаат основите на политиката, историјата и меѓународното право, рекол тој.

Поранешниот американски амбасадор во Украина, Стивен Пајфер, за „Киев Индепендент“ изјавил дека проблемот е и во недостигот од искусни советници за Русија и за Украина, нагласувајќи дека Владимир Путин секогаш настапува придружуван од луѓе со длабоко познавање на темата, како неговиот долгогодишен советник Јуриј Ушаков.

Кушнер како сè повлијателен играч

Од друга страна, извор од кабинетот на украинскиот претседател изјавил дека Џаред Кушнер, зетот на Трамп, сè повеќе се наметнува како доминантна фигура во рамките на американската делегација и дека неговото влијание врз преговорите расте.

– Дури и Кушнер изгледа попрофесионално – рекол Мережко, додавајќи дека тој делува како неформален надзорник на процесот.

Професорот по практична дипломатија Николас Весткот оценил дека станува збор за враќање кон стар модел на дипломатија, во кој клучните процеси ги водат луѓе од доверба, а не експерти со регионално искуство во историски и геополитички прашања.

Ова, според него, за Украина претставува сериозен хендикеп.

Поврзани содржини