ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ДОНЕСОА САМО СМРТ, БАНКРОТ И УЖАС КАЈ НАРОДОТ Договараа провизии за вакцини, сакаа насилно да преземат болница, делеа крвави тендери, потсетува ВМРО-ДПМНЕ

Да не ги заборавиме и плацовите во Дојран на Филипче и Заев, каде што изградија фотоволтаици со менување на ДУП-от од страна на нивниот градоначалник. Да не го заборавиме и неговиот другар Васко Ковачевски, кој го покраде ЕСМ и избега, фотоволтаиците за сопругата на Димитар Ковачевски, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

314

Слушаме Венко Филипче се фалел како добро владата на СДСM се справувала во периодот на короната и енергетската криза. Благодарејќи на ова добро справување со ковид-пандемијата, според СДСМ и Филипче, изгубивме без малку 10.000 наши сограѓани, по 100 на ден, а да не заборавиме дека поради доктор смрт изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ковод пандемијата, желбата за пари на Филипче му светна во очите. Сакаше да договори вакцини по три пати повисока цена од фирма која продава јужноамерикански производи, сакал да преземе насилно приватна болница со Заев, делеше тендери на неговата омилена компанија „Пановски“, крвавиот тендер кој Филипче сакаше да го протурка вреден 35 милиони евра, непостапувањето во случајот со Онкологија каде што пациентите добивале физиолошки раствор место лек“, соопшти ВМРО-ДПМЕ.






Но, се додава, да не ги заборавиме и останатите економски придобивки на Филипче и СДСМ во тоа време.

„На пример „аудито“ на Филипче, подарок од компанијата која добиваше тендери за ископ на јаглен, околу 9 милиони евра за снабдување на ЕСМ со јаглен завршија во фирма на Заев во Бугарија на истата локација каде што и Филипче има фирма. Да не го заборавиме и 50% зголемување на сметките за електрична енергија кое граѓаните го добија благодарение на одличните политики на СДСМ и Филипче. Да не ги заборавиме и плацовите во Дојран на Филипче и Заев, каде што изградија фотоволтаици со менување на ДУП-от од страна на нивниот градоначалник. Да не го заборавиме и неговиот другар Васко Ковачевски, кој го покраде ЕСМ и избега, фотоволтаиците за сопругата на Димитар Ковачевски“, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Овие одлични политики благодарение на Филипче и СДСМ, се додава во соопштението, придонесоа тој да може заедно со Заев да купува акции во индиска авиокомпанија, да купат станови во Дубаи, едниот да гради 42 катница во Дубаи, да возат јахта во вредност од околу милион евра, додека уживаат во скапо приготвените деликатеси на грчката кујна.

„Ете ова донесе Филипче заедно со Заев на македонската политичка сцена. Смрт, банкрот и ужас кај народот. СДСМ, Филипче и Заев – никогаш повеќе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини