ИЗВЕШТАЈОТ ЗА АЛЕКС ПРЕТИ ГО МЕНУВА НАРАТИВОТ Пукале двајца полицајци, а тој не нападнал никого?

За време на борбата, агент на граничната патрола неколкупати извикал „Има пиштол!“. Пет секунди подоцна, агент на граничната патрола кон Прети испукал куршуми од својот „Глок 19“, додека службеник на CBP испукал куршуми со „Глок 47“. Снимките сугеираат дека Прети не се заканувал со својот пиштол, пишува Си-Би-Ес Њуз.

1,418

Двајца вооружени полицајци во Минеаполис пукале кон Алекс Прети, а тој не посегнал по пиштолот кој го носел и не нападнал никого. Ова се информациите од првиот сеопфатен официјален извештај за фаталното пукање во Минеаполис.

Секретарката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, кратко по инцидентот изјави дека Прети изгледал решен да предизвика максимална штета и да убие полицајци, мавтајќи со оружје. Тоа тврдење не е поткрепено со достапните снимки.






Според „Њујорк тајмс“, истражителите ги прегледале и снимките од камерите на телото, кои биле клучен дел од извештајот.

Извештајот, доставен до членовите на Конгресот во САД, открива дека кон Прети прво оган отворил агент на Граничната патрола, а потоа и службеник на Царинската и граничната заштита. Американските медиуми, меѓу кои и „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-Ес њуз“, ги пренесоа наодите од прелиминарната истрага, повикувајќи се на електронската пошта испратена од Министерството за внатрешна безбедност.

Утрото кога свирките го пресекоа воздухот

Според извештајот доставен до Конгресот, агентите на службата за Царинска и гранична заштита спроведувале операција во Минеаполис во саботата наутро кога еден полицаец се соочил со две жени цивили кои свиреле со свирки. Тој им наредил да се тргнат од патот, а при интервенцијата ги турнал двете.

Една од жените потоа се стрчала кон маж, подоцна идентификуван како 37-годишниот Алекс Џефри Прети, американски државјанин.

Спреј, турканица и ескалација

Полицискиот службеник на CBP се обидел да ги тргне и жената и Прети од патот, но тие не се помрднале. Тогаш службеникот употребил спреј олеорезин капсикум (OC) кон двајцата, по што агентите се обиделе да го приведат Прети.

Според извештајот, Прети се спротивставил и следела борба.

„Има пиштол!“ – пет секунди до смрт

За време на борбата, агент на граничната патрола неколкупати извикал „Има пиштол!“. Околу пет секунди подоцна, агент на граничната патрола кон Прети испукал куршуми од својот „Глок 19“, додека службеник на CBP испукал куршуми со „Глок 47“.

По пукањето, агентите соопштиле дека го поседуваат оружјето на Прети и го обезбедиле во службено возило. Извештајот до Конгресот не наведува дека Прети се обидел да посегне по своето оружје, што се разликува од првичните тврдења на Министерството за внатрешна безбедност.

Смрт што ја разбранува Америка

Убиството на Прети, 37-годишен бел медицински техничар вработен во болница за ветерани, ги разгоре тензиите околу засилената имиграциска репресија на администрацијата на претсеателот на САД Доналд Трамп во градови управувани од демократите.

Бесот се зголеми откако федералните службеници го обвинија Прети за настаните што довеле до неговата смрт, иако видео-снимките го потврдуваат спротивното.

Фотографии, тврдења и недоследности

По пукањето, Министерството за внатрешна безбедност на САД објави фотографии од пиштол за кој тврди дека Прети го носел и соопшти дека им се приближил на полицајците додека бил вооружен.

Министерството тврдеше дека тој се спротивставил на обидите да биде разоружан и дека еден полицаец пукал во самоодбрана. Видео-снимките, пак, покажуваат дека Прети веќе бил разоружан.

Поврзани содржини