ШПАНИЈА ЌЕ ГО ЛЕГАЛИЗИРА ПРЕСТОЈОТ НА ПОЛОВИНА МИЛИОН ИМИГРАНТИ Привремена дозвола за престој на сите кои не сториле кривични дела

Шпанија во последните години бележи значителен пораст на имиграцијата. Според најновите податоци на Националниот институт за статистика (ИНЕ), во 2025 година во земјата живееле околу 9,8 милиони лица родени во странство, што претставува речиси 20 отсто од вкупното население.

192

Левичарската Влада на Шпанија почна постапка за легализација на престојот на околу 500.000 имигранти, откако кабинетот донесе одлука за тоа, соопшти денеска владината портпаролка Елма Саиз.

– Го зајакнуваме миграцискиот модел заснован на човекови права – изјави Саиз, која воедно е и министерка за социјални прашања и миграција.






Шпанија со оваа одлука зазема поинаков пристап од многу други западни земји, особено од САД под претседателот Доналд Трамп, кој најави депортација на сите странци без регулиран престој.

Според одлуката на шпанската Влада, сите имигранти кои можат да докажат дека престојувале во Шпанија пред 31 декември 2025 година и кои немаат сторено кривични дела, ќе добијат привремена дозвола за престој со право на работа веднаш по поднесување барање. По една година, таа дозвола може да се претвори во редовна дозвола за престој.

Владата одлучи мерката да ја спроведе со уредба, откако соодветната законодавна иницијатива беше блокирана во парламентарната процедура и беше малку веројатно дека ќе добие мнозинство.

Конзервативната Народна партија (ПП) и деснопопулистичката Вокс предупредија на можни политички ризици, како и на дополнителен притисок врз пазарот на труд и системите за социјална заштита.

Шпанија во последните години бележи значителен пораст на имиграцијата. Според најновите податоци на Националниот институт за статистика (ИНЕ), во 2025 година во земјата живееле околу 9,8 милиони лица родени во странство, што претставува речиси 20 отсто од вкупното население.

Најбројните групи странци доаѓаат од Мароко, Колумбија, Венецуела, Романија и Еквадор.

Поврзани содржини