ДА СЕ ВИДИ ДЕКА ЗАПАДОТ, ЕУ И НАТО СЕ РАСПАЃААТ, А ТРАМП ГО КОПИРА ПУТИН Кремљ им дал упатство на руските медиуми како да известуваат за Гренланд

Руските државни медиуми, меѓу кои и РИА Новости и други провладини изданија, веќе почнале да го следат овој наратив.

821

Администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин, поради најавите и интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, издала нови насоки до руските државни медиуми за начинот на кој треба да известуваат за оваа тема.

Според информации на независни руски извори, од медиумите се бара случајот да го прикажат како доказ за слабостите на Западот, длабоките поделби во рамките на НАТО и како дел од поширок геополитички процес во кој, според наративот, САД го следат примерот на Русија.






Иако Путин јавно изјавил дека Москва нема намера да се меша во спорот околу Гренланд, медиумите добиле инструкции внимателно да ги следат и пренесуваат сите реакции од американски, европски и руски политичари поврзани со ова прашање.

Во насоките се наведува дека ситуацијата треба да се прикаже како симптом на наводното распаѓање на западниот политички модел и слабеењето на Европа, додека НАТО се претставува како сојуз на спротивставени интереси без јасна заедничка стратегија. Во исто време, Путин треба да биде прикажан како лидер кој успева да ја принуди Америка на дијалог и преговори.

Руските државни медиуми, меѓу кои и РИА Новости и други провладини изданија, веќе почнале да го следат овој наратив, објавувајќи анализи и коментари во кои Доналд Трамп се претставува како политичар што го копира пристапот на Путин, а целиот случај се користи како аргумент за наводен распад и длабока криза во НАТО.

Поврзани содржини