МАКЕДОНСКАТА Е-ТРОВИЈА РЕЧИСИ И ДА НЕ ЈА КОРИСТИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Трговците велат дека немаме дигитална инфраструктура

AIPI индексот ги оценува земјите преку 4 клучни столбови - дигитална инфраструктура, иновации и економска интеграција, човечки капитал и политики на пазарот на труд и регулатива и етика.

147

Македонија заостанува зад европскиот и регионалниот просек во подготвеноста за е-трговија поддржана од вештачката интелигенција иако со повеќе од 63% од интернет-корисниците кои купуваат онлајн е меѓу водечките пазари во регионот.

Според AI Preparedness Index (AIPI) – индексот што го воведе Меѓународниот монетарен фонд во 2023 година и кој ја мери подготвеноста на земјите да ја применуваат вештачката интелигенција на одржлив и инклузивен начин, земјава има просек од 0,48.






AIPI индексот ги оценува земјите преку 4 клучни столбови – дигитална инфраструктура, иновации и економска интеграција, човечки капитал и политики на пазарот на труд и регулатива и етика.

Европските лидери во примената на вештачката интелигенција во е-трговијата се  Данска, Естонија и Холандија имаат индекс над 0,76.

Од  државите во Западен Балкан најдобри резултати на овој план покажува Босна и Херцеговина.

Македонската Асоцијацијата за е-трговија смета дека  бизнис-екосистемот во земјата сè уште нема доволно капацитет целосно да ја искористи вештачката интелигенција во е-трговијата. Главните ограничувања се поврзани со дигиталната инфраструктура, иновативниот капацитет и интеграцијата во глобалната дигитална економија иако постојат позитивни сигнали во делот на човечкиот капитал и адаптацијата на пазарот на труд.

– Вештачката интелигенција не е технологија на иднината, таа е реалност денес што го менува начинот на кој функционира дигиталната економија. Нашата задача е да им помогнеме на е-трговците, институциите и на потрошувачите да бидат подготвени за оваа трансформација преку приближување на клучните трендови и континуирана едукација, иницијативи и кампањи – вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска-Станков.

Поврзани содржини