ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на лекар поради вдишување чад
Во пожарот угинаа шест животни, а причинета е и материјална штета.
Во СВР Велес вчера во 10.45 часот е пријавено дека настанал пожар во свињарската фарма на правно лице, во село Долно Чичево, Општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице е пренесено во Општа болница Велес. Четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и 3 лица во Општа болница Кавадарци.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес.
Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.
Територијалната противпожана единица Велес денеска информираше дека вчера во 10.37 часот примилеена дојава за запалена хала во свињарска фарма „Агриа“ во Горно Чичево.
Пожарникарирте излегле на лице место со 2 противпожарни возила и 5 пожарникари. Пожарот бил затекнат во развиена фаза во кровната конструкција. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција пожарот бил ликвидиран и спречен да се прошири кон другите хали.