ИНВЕСТИЦИСКАТА КОМПАНИЈА „ЕНВОЛЕД“ ОД ДУБАИ ВЛЕГУВА ВО „ТЕ-ТО“ Компанијата ги презема акциите на кипарски „Битар холдинг“

Планот е „Енволед“ да стане сопственик на кипарската „Битар холдин“ која е сопственик на македонската когенеративна централа, преку купопродажба на акции.

194

Инвестициската компанија „Енволед“ од Дубаи (ОАЕ) има намера да стекне самостојна контрола кипарската компанија „Битар холдинг“ која во Македонија е сопственик на когенеративната централата ТЕ-ТО, и „Балкан енерџи груп“.

Планот е „Енволед“ да стане сопственик на кипарската „Битар холдин“ преку купопродажба на акции.






Компанијата во земјава веќе достави известување за концентрација до Комисијата за заштита од конкуренција која по прелиминарното испитување  утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак, како што се наведува во известувањето, Комисијата за конечна одлука по ова прашање е резервирана и ги повика заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација.

„Енволед“ во змејава нема регистрирано свое друштво ниту пак има поврзани друштва во земјава, додека „Битар колдин“ има регистрирано 7 друштва во земјава: друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО, друштво за производство, промет и услуги ТЕ-ТО ГАС ТРЕЈД,  друштво за инвестиции, производство, трговија и советодавни услуги БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП, друштво за дистрибуција на топлинска енергија ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ,  друштво за снабдување со топлинска енергија СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ, друштво за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ и друштво за обезбедување БАЛКАН ЕНЕРЏИ СЕКЈУРИТИ  кое е во ликвидација.

„Енволед“ ѝ предложил на комисијата за заштита од конкуренција за оценка на концентрацијата како релевантниот пазар на производи да се дефинира пазар за електрична енергија и пазар за топлинска енергија, а како релевантен географски пазар  С Мaкедонија.

Регистрираната примарна дејност на „Енволед инвестмент“ е инвестирање во трговски друштва и управување. Компанијата е формирана на 27 ноември 2025 година со  акционерски капитал од 300.000 дирхами, валута на Обединети Арапски Емирати што е еднакво на 4.326.700 денари.

Поврзани содржини