ОТКРИЕНА ФИРМА КОЈА КРИУМЧАРЕЛА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ Запленети 166 пратки вредни 240.000 денари

Во моментот на претресот во фирмата биле пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240.000 денари.

744

Откриена е фирма која нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, сооопшти Царинска управа, која поднесе кривична пријава против едно правно и едно физичко лице.

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршиле претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот биле пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240.000 денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.






Како што објаснија од Царинската управа, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера оттаму да ги транспортира до нарачателите, за што би наплатувала паричен надомест.

Царинската управа најави дека ќе продолжи со засилени контроли и со координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција.

 

Поврзани содржини