ГРИПОТ ЗЕМА ЗАМАВ ВО МАКЕДОНИЈА Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

Состојбата на Клиниката за инфективни болести останува сериозна, каде уште двајца други пациенти се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, додека неколкумина се на кислородна поддршка. Во моментов се хоспитализирани вкупно 25 пациенти, главно повозрасни лица.

103

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна пациентка како последица на компликации од грип. Според информациите од клиниката, жената имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, потврди дека кај пациентката била дијагностицирана инфлуенца А.






– Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потвдена инфлуенца А и пациентката имала многу коморбидитети – изјави д-р Цана.

Состојбата на клиниката останува сериозна, каде уште двајца други пациенти се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, додека неколкумина се на кислородна поддршка. Во моментов се хоспитализирани вкупно 25 пациенти, главно повозрасни лица.

– Тие се хоспитализирани затоа што кај нив при преглед е констатирано дека имаат компликација на вирусот на грип пред сè со респираторно засегање – појаснува д-р Цана.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, само во првата недела од годинава се регистрирани 1.725 случаи на грип низ земјава.

Поврзани содржини