ТРПЕЛИВО СО ДАНСКА, ОДИМЕ ДА УЧИМЕ ОД НАЈДОБРИТЕ На ракометот в петок правда ќе делат судии од Молдавија

Ние сме мала земја и мора да бидеме трпеливи. Во последните две години сум многу задоволен од тоа како напредуваме. Најважно е што ја менуваме генерацијата постепено, а тоа е исклучително тежок процес, објаснува македонската легенда и селектор на ракометната репрезентација Кире Лазаров.

207

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа пред најтешкиот можен старт на Европското првенство, дуел со домаќинот и светскиот владетел Данска. Дуелот на 16.јануари (петок) од 20:30 часот во Хернинг ќе го судат браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија.

Нашите ракометари ќе излезат на терен против селекција која Кирил Лазаров ја дефинира како најдобра во последната деценија, но пораката на селекторот е јасна: страв не смее да има.






Селекторот уште еднаш потсети на суштината на неговиот проект – смената на генерации. Овој процес, кој е болен дури и за најголемите светски велесили, кај нас се одвива чекор по чекор.

– Ние сме мала земја и мора да бидеме трпеливи. Во последните две години сум многу задоволен од тоа како напредуваме. Најважно е што ја менуваме генерацијата постепено, а тоа е исклучително тежок процес – објаснува македонската легенда.

Мора да знаеме дека имаме многу тешка група, играме против Данска во Хернинг, вели Лазаров.

– Исто така, против Португалија, која на последното Светско првенство играше полуфинале. Видовме дека на последното првенство Португалија ги победи Египет, Шпанија и Иран. Многу е тешко да се каже „сакаме да одиме во втората рунда“. Сите го сакаат тоа. Т

 

Поврзани содржини