СЕ ПОЈАВИ БИЗАРНА ТЕОРИЈА Дали Марлон Брандо е татко на детето на Мајкл Џексон?

Според таблоидот The Sun, се појавија гласини дека легендарниот холивудски актер Марлон Брандо би можел да биде биолошки татко на најмладиот син на Мајкл Џексон, Принц Мајкл Џексон II, познат и по прекарот Бленкет.

148

Интернетот ги сака необичните теории, а во последните денови особено е жестока онаа што ги поврзува Мајкл Џексон и Марлон Брандо.

Тврдењата дека легендарниот актер би можел да биде биолошки татко на синот на Џексон, Принс Мајкл Џексон II, повторно предизвикаа дилеми, а сите се прашуваат дали навистина може да има трошка вистина зад оваа навидум неверојатна приказна?






Една од оние теории што се граничи со бизарното, но сепак ја скокотка имагинацијата, деновиве повторно циркулира во интернет круговите… Според таблоидот The Sun, се појавија гласини дека легендарниот холивудски актер Марлон Брандо би можел да биде биолошки татко на најмладиот син на Мајкл Џексон, Принц Мајкл Џексон II, познат и по прекарот Бленкет.

– Сè е многу чудно, но сите парчиња од сложувалката се чини дека се вклопуваат – открива извор.

Приказната се базира на тврдењата дека Брандо, пред неговата смрт во 2004 година, наводно донирал сперма на поп-иконата. Биги, или Принц Мајкл Џексон II, е роден во 2002 година преку сурогат мајка, а шпекулациите дека Мајкл Џексон можеби не е биолошки татко на ниту едно од неговите три деца долго време циркулираат во јавноста.

Иако сè звучи речиси неверојатно, оние што се запознаени со околностите веруваат дека одредени детали од минатото изненадувачки добро се вклопуваат во оваа приказна.

– Луѓето со години велеа дека Мајкл користел донори на сперма. Ова сега е прилично прифатено како факт, и покрај тоа што семејството Џексон можеби јавно го кажало во минатото, но она што не беше споменато до неодамна е дека Марлон Брандо бил меѓу луѓето што му помогнале да стане татко затоа што не можел самиот да го направи тоа – тврди еден извор.

Познато е дека Мајкл Џексон и Марлон Брандо биле долгогодишни пријатели и делеле меѓусебна доверба и дискреција, а некои холивудски извори тврдат дека биле доволно блиски за да биде можен таков договор, особено имајќи ги предвид наводните здравствени проблеми на пејачот.

Уште еден детаљ што дополнително ја разгорел имагинацијата на обожавателите е сличностa помеѓу Биги Џексон и синот на Брандо, Мајк Брандо, кој работеше многу години на познатиот ранч „Неверленд“ на Џексон. Со оглед на сите овие фактори, не е изненадувачки што теоријата предизвикува лавина од коментари на социјалните мрежи во последните денови.

Поврзани содржини