СНЕГОТ ЌЕ ПРЕСТАНЕ ПОПЛАДНЕ, ПОТОА ЌЕ СТУДИ Минусни температури и северен ветер нѐ очекуваат утре

Метеоролозите најавуваат локални снежни врнежи во текот на ноќта и претпладне, како и силен северен ветер, особено во Повардарието.

4,742

Утре нè очекува променливо облачно и студено време, со повремени локални врнежи од снег во текот на ноќта и претпладневните часови, информираат метеоролозите.

Според прогнозата, снежните врнежи ќе престанат во попладневните часови, но студеното време ќе се задржи во текот на целиот ден. Ќе дува умерен северен ветер, а долж Повардарието тој ќе биде засилен и ќе достигнува брзина над 60 километри на час.






Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во утринските часови поради можни заледени коловози, како и поради силниот ветер кој може да создаде дополнителни проблеми во сообраќајот.

Минималните утрински температури ќе се движат од -3 во Маврово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од -1 во Маврово и 5 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -1 до 3 степени.

В понеделник нѐ очекува променливо облачно и студено со умерен, а долж Повардарјето и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Наместа ќе има услови за провејување на снег.

Минималните утрински температури ќе се движат од -12 степени до -4 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од -6 степени до 3 степени.

Поврзани содржини