СИЛНИ ВЕТРОВИ И СНЕЖНИ ЛАВИНИ Турските власти издадоа „жолта“ тревога за речиси половина земја

Метеоролошката служба издаде „жолта“ тревога за 48 провинции, со опасности од силни ветрови, обилни врнежи и снежни лавини.

583

Турската метеоролошка служба издаде „жолта“ тревога за 48 од 81 провинција, предупредувајќи на силни обилни врнежи од дожд, бури и лавини.

Најпогодени се регионот на Мармара и Егејското Море, каде се очекуваат силни бури и врнежи, додека во источните делови на Турција властите препорачуваат претпазливост поради ризик од лавини.






Се очекуваат и прекини во морскиот и воздушниот сообраќај. Силни ветрови ќе дуваат од југ и запад во Мармара, Егејското Море, северозападна Внатрешна Анадолија (особено Ескишехир) и западниот регион на Црното Море, достигнувајќи јачина од 50-75 км/ч, а повремено и до 80-90 км/ч.

Граѓаните се предупредени на можни падови на дрвја и столбови, мраз на патиштата, урнати покриви, како и ризик од труење со јаглерод моноксид од печки и греалки на природен гас. Властите апелираа да не се патува освен ако тоа не е апсолутно неопходно.

Во покраината Хаккари, две студентки беа затрупани од голема количина снег што падна од покривот на студентски дом, но беа спасени од колегите и пренесени во болница со стабилна здравствена состојба. Во округот Шемдинли, паднат снег од покриви собори електрични столбови, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во целата населба.

Екипите на терен ги извлекуваа автомобилите заглавени на автопатите закопани од лавини. Генералниот директорат за метеорологија предупреди дека студен воздушен бран од Балканот и Сибир ќе ја погоди Турција од понеделник, со очекувани обилни снежни врнежи и температури под нулата.

Поврзани содржини