ШОК ЗА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ Судиите Николов и Начевски исфрлени од Европското првенство

ЕХФ донесе радикална одлука само неколку недели пред почетокот на шампионатот поради сомнителни видео-снимки од фитнес-тестот.

5,723

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја повлече македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од машкото Европско првенство 2026, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

Оваа одлука претставува голем удар за македонското судење, кое во последните години беше меѓу најценетите во светот. Николов и Начевски беа номинирани меѓу 18 судиски двојки и се сметаа за сигурни кандидати за клучни натпревари, па дури и за полуфинале или финале.






Причината за исклучувањето е сомнеж за манипулирани видео-снимки од „Мултистејџ фитнес тест“. Според официјалното соопштение на ЕХФ, фитнес-партнерот „Fitgood Pro“ изразил сомнежи дека две задолжителни видео-снимки, доставени осум и четири недели пред првенството, не ја прикажуваат реалната состојба.

По дополнителна анализа, материјалите биле проследени и до „Sportradar“, партнер на ЕХФ за интегритет и безбедност, кој утврдил висок степен на веројатност за манипулација или измени на снимките, со цел да изгледа дека тестот бил поминат според стандардите.

За да се заштити кредибилитетот и интегритетот на шампионатот, ЕХФ, во координација со организацискиот тим, одлучи да го исклучи македонскиот пар од списокот на судии, соопштија од федерацијата.

Поврзани содржини