УШТЕ РАЗГОВАРАМЕ ПРЕКУ ФИКСНИ ТЕЛЕФОНИ Лани имало 460.000 вакви линии
Според податоците на АЕК, во третиот квартал лани во земјава имало 2,1 милион претплатници на мобилната мрежа.
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија заклучно со третиот квартал лани изнесува 2.105.467, а реализирани се 1.299.617.051 минути разговор, покажуваат најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Извештајот на АЕК покажува дека А1 Македонија има 47,4% удел во вкупниот број претплатници, Македонски Телеком 46,6%, М ТЕЛ 4,5%, Телекабел 1,2“, а Греен мобиле 0,1%.
Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година Македонски Телеком има удел од 49,5%, А1 Македонија 48,5%, М ТЕЛ 0,9%, Телекабел 0,7%, а Греен мобиле 0,1%.
Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.
Според податоците на АЕК, во третиот квартал во земјава имало 459.643 фиксни линии, со удел од 51,6% на Македонски Телеком, 43,3% А1 Македонија, 3,1% Телекабел, 1,2% Неотел, 0,5% Актон.