ГАЗДАТА НА „ДУРМО ТУРС“ КОНЕЧНО СЕ ЈАВИ ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО По 4 одлагања и 2 операции на тестиси, сам се пријавил во затворот

Трагедијата кај Ласкарци останува едно од најтешките сообраќајни страдања во поновата македонска историја, со длабоки последици за семејствата на загинатите и прашања за безбедноста на јавниот превоз.

445

Газдата на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули конечно се пријавил во затворот „Идризово“ за да ја одслужи 10-годишната казна затвор за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени. Веста ја потврдил директорот на установата Зоран Јовановски, кој изјавил дека Белули е примен и сместен според стандардна процедура.

По серија одлагања, најчесто оправдувани со медицински причини, Белули во декември 2025 конечно се појавил во затвор. На 1 декември имал уште едно одложување поради втора операција на тестис, а претходно во октомври тврдеше дека се оперирал од кила.






Судијата тогаш лично разговарал со хирургот во тетовската болница кој го потврдил специјалистичкото мислење дека операцијата е неопходна.

Неговиот соработник Ремзи Мифтари, одговорен за возниот парк на „Дурмо турс“, исчезна на крајот на ноември 2025 и по него е распишана потерница. И двајцата добија правосилни пресуди на 9 мај 2025, кога Апелациониот суд во Скопје им ги зголеми казните – на Белули од четири на десет години, а на Мифтари од шест на десет.

Трагедијата кај Ласкарци останува едно од најтешките сообраќајни страдања во поновата македонска историја, со длабоки последици за семејствата на загинатите и прашања за безбедноста на јавниот превоз.

 

Поврзани содржини