ЗДИПЛИЛЕ КНИГИ ОД ДРЖАВНИОТ АРХИВ Тинејџери уапсени во „опел“ на Партизанска

По претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници извршиле преглед на возилото и ги пронашле книгите, за кои подоцна било утврдено дека се сопственост на Државниот архив.

2,116

Тројца млади лица биле лишени од слобода рано утрово во Скопје, откако полицијата ги сопрела со автомобил во кој биле пронајдени украдени книги од Државниот архив, информираше полицијата.

Полицајците кон 04:45 часот го сопреле возилото „Опел Тигра“ со скопски регистарски таблички меѓу булеварот Партизански Одреди и улицата Московска. Возилото го управувал 18-годишниот Е.Д., а со него биле и 19-годишниот Х.Е. и малолетник на 17 години – сите од Скопје.






По претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници извршиле преглед на возилото и ги пронашле книгите, за кои подоцна било утврдено дека се сопственост на Државниот архив.

„Украдените материјали се одземени и ќе бидат вратени на институцијата, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини