19-ГОДИШНИК ПАДНАЛ ОД ТРЕТ КАТ ОД КУЌА Тешко повреден млад скопјанец заврши во болница

Младиот човек бил на гости со мајка му, а по падот од трет кат е хоспитализиран на Клиниките „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди.

1,630

Тешко повреден 19-годишен скопјанец откако паднал од трет кат на куќа во општина Илинден.

Инцидентот се случил вчера вечер околу 20 часот, кога младиот човек, кој бил на гости кај роднини заедно со својата мајка, паднал од третиот кат на куќа во Илинден. Според првичните информации, тој имал здравствени проблеми.






По падот, 19-годишникот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини