НЕОСНОВАНО ИСПЛАТИЛ АВАНС ОД 700.000 ЕВРА! ФФМ поведе постапка против екс-претседателот Муамед Сејдини
„Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција“, соопшти ФФМ.
Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на денешната седница, донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.
Постапката, како што е соопштено, се поведува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
„Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција“, соопшти ФФМ.
Според УО на ФФМ, „постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на федерацијата“.
ФФМ) исто така соопшти дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски,
„Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци. Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара“, соопшти ФФМ.
Ангеловски минатата недела остро го критикуваше раководството на ФФМ за одлуката Гоце Седлоски да биде назначен за нов селектор на националниот тим и побара ревизија на сите тренерски лиценци издадени од ФФМ, вклучувајќи ја и неговата, како и јавно да биде објавен регистарот во кој се запишани имињата на носителите