📽️ РАСТЕ НАПНАТОСТА, КИНА ВЕЖБА ОКОЛУ ТАЈВАН Пекинг испрати силна порака до светот

Според Источната команда на кинеската армија, акцијата е „сериозно предупредување до сите сепаратисти и надворешни сили што се мешаат во кинеските внатрешни работи“.

746

Кинеската војска ја активираше најмасовната воена операција во регионот во последната деценија. Маневрите, наречени „Мисија правда-2025“, опфаќаат копнени, морски, воздушни и ракетни сили кои го обиколуваат Тајван.

Според Источната команда на кинеската армија, акцијата е „сериозно предупредување до сите сепаратисти и надворешни сили што се мешаат во кинеските внатрешни работи“.






– Вежбите имаат цел да ја тестираат борбената готовност и да ја потврдат контролата над клучните пристаништа и стратешките подрачја – изјави портпаролот Ши Ји.

Тој додаде дека вежбите се „легитимна и неопходна акција за заштита на суверенитетот и единството на Кина“.

Тајпеј возвраќа со остра реакција

Владата во Тајван оцени дека потегот е „отворено воено заплашување“ и предупреди дека ваквите дејства „ја поткопуваат стабилноста на Индо-Пацификот“.

– Ова е директен предизвик на меѓународното право и поредок – изјави портпаролката на претседателот Карен Куо.

 

11,1 милијарди долари во очи ескалациите

Вашингтон и Тајпеј неодамна потпишаа договор вреден 11,1 милијарди долари за нов пакет оружје, кој вклучува ХИМАРС системи, беспилотни летала и ракетни батерии. Договорот предизвика жестока реакција во Пекинг.

Воен аналитичар за CCTV, Фу Нан, го опиша договорот како „ескалација на тајните операции“ на САД.

Црвената линија на Токио

Кризата се влошува и по изјавите на јапонската премиерка Санае Такаичи дека Токио би можел да одговори воено доколку Кина се обиде да го окупира Тајван.

Пекинг реагираше остро, потсетувајќи дека островот останува „неделив дел од Кина“.

„Стрели на правдата“ 

Во државните медиуми се појавија постери со ракети кои паѓаат врз мапа на Тајван со натпис „Стрели на правдата“. Кинеската крајбрежна стража истовремено започна патроли во околните води, додека воздушните сили извршуваат над 150 летови во близина на воздушниот простор на островот.

Се проценува дека вежбите ќе продолжат до крајот на декември, со можност за проширување на зоните за лансирање.

Поврзани содржини