📷 ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА Дедо Мраз ги израдува најмладите на плоштадот „Македонија“

Ви благодарам што бевте дел од оваа прекрасна приказна и што заедно создаваме моменти кои ќе се паметат, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.

231

Со полни раце подароци и во придружба на градскиот татко на Скопје Дедо Мраз денеска ги израдува децата на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

„Новогодишната бајка започна. Денеска со насмевки, радост и многу изненадувања, се дружевме со најмладите и заедно ја почувствувавме вистинската празнична магија. Дедо Мраз пристигна со полни раце подароци и внесе топлина и радост во срцата на сите дечиња. Ви благодарам што бевте дел од оваа прекрасна приказна и што заедно создаваме моменти кои ќе се паметат. Празничната забава продолжува секој ден – напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук, објавувајќи повеќе фотографии.






Фото: Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Поврзани содржини