📽️ ШИМПАНЗОТО КОКО ПРОСЛАВИ 30. РОДЕНДЕН ВО ЗОО СКОПЈЕ Доби здрава торта од својата негувателка

Како еден од најинтелигентните примати, Коко секојдневно нè потсетува колку се блиски луѓето и шимпанзата и колку е важно да се грижиме за нив, да ги почитуваме и да ги штитиме. Му посакуваме уште многу здрави, активни и среќни години исполнети со многу грижа и љубов, соопшти ЗОО Скопје.

410

„Денес во ЗОО Скопје славиме голем јубилеј, 30 години од раѓањето на нашето сакано шимпанзо Коко, еден од најпрепознатливите и најомилените жители во нашата зоолошка“.

Вака велат од ЗОО Скопје споделувајќи видео од мајмунката Коко.






„По тој повод, неговата зоонегувателка Александра му подготви специјална роденденска торта направена исклучиво од здрава, природна храна, како и кутии со изненадувања што Коко со љубопитност и радост ги отвораше заедно со другарот Изи 🥰Хартијата во која беа завиткани подароците е од целулоза и е целосно безбедна и нештетна за шимпанзата. Како еден од најинтелигентните примати, Коко секојдневно нè потсетува колку се блиски луѓето и шимпанзата и колку е важно да се грижиме за нив, да ги почитуваме и да ги штитиме. Му посакуваме уште многу здрави, активни и среќни години исполнети со многу грижа и љубов“.

 

Поврзани содржини