ГРАБЕЖ ВО КАЗИНО ВО ОХРИД Турчин ја испразнил касата и ја нападнал вработената
Осомничениот одзел пари од благајната, а при бегство физички нападнал вработена која го забележала.
45-годишен државјанин на Турција е под истрага откако, според полицијата, извршил разбојничка кражба во казино во Охрид.
Инцидентот се случил на 24 ноември 2025 година, кога осомничениот влегол во казиното и одзел пари од благајната. При обид да го напушти објектот, бил забележан од вработена, по што физички ја нападнал за да избега.
По преземените мерки и документирањето на настанот, СВР Охрид поднесе кривична пријава против осомничениот за кривично дело разбојничка кражба.
Случајот е доставен до надлежното обвинителство, кое ќе одлучува за понатамошната постапка.