НАСТАВНИЦИ БЕЗ ДИПЛОМИ ИМ ПРЕДАВАЛЕ НА ДЕЦА Директор од Ростуше дозволил нестручни лица да држат настава

Државниот просветен инспекторат утврдил сериозни неправилности при вработувања во основно училиште во Ростуше, по што следела кривична пријава.

420

Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против 64-годишниот А.С. од селото Ростуше, поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба додека ја извршувал функцијата директор на основно училиште.

Според истрагата, во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот овозможил вработување на наставници кои не ги исполнувале законските услови за изведување настава. Станува збор за лица без завршени соодветни студии, кои предавале на ученици во основното училиште во Ростуше, како и на одделенски ученици во селата Велебрдо и Требиште.






Нестручниот кадар бил ангажиран спротивно на Законот за наставници и стручни соработници, со што, како што наведува полицијата, бил загрозен квалитетот на наставниот процес и правото на учениците на соодветно образование.

Неправилностите биле утврдени при инспекциски надзор извршен од Државниот просветен инспекторат на 19 септември 2025 година, по што случајот бил пријавен и до надлежните полициски служби.

По документирањето на настанот, против директорот е поднесена кривична пријава, а предметот ќе го разгледува надлежното обвинителство.

Поврзани содржини