СЕЛИН ДИОН КАКО ГРИНЧ Пејачката ги изненади и ги насмеа обожавателите со своето Божиќно видео

Селин Дион (57) објави видео на социјалните мрежи кое ги воодушеви нејзините обожаватели. Станува збор за урнебесно видео во кое таа се трансформира во - Гринч.

175

Селин Дион (57) објави видео на социјалните мрежи кое ги воодушеви нејзините обожаватели. Станува збор за урнебесно видео во кое таа ја рекреира сцената од филмот од 2000 година „Како Гринч го украде Божиќ“, а вклучува и текст од нејзиниот хит „All by Myself“.

На почетокот на видеото, пејачката седи покрај каминот со своето куче во скут, облечена во костум на Гринч и театрално го пее рефренот од нејзината позната песна.






Потоа започнува монолог кој неодоливо потсетува на филмската верзија.

– Како се осмелуваат да ме повикаат во последен момент! Дури и да сакав да дојдам, мојот распоред не ми го дозволува тоа – вели Дион, пред да наведе што планирала за вечерта:

– Четири часа, го вежбам гласот. 4:30, ги будам децата. 5, го решавам проблемот со гладот ​​во светот, не кажувајте никому. 5:30, jazzercize. 6:30, вечера со мене – не можам повторно да го откажам тоа! 7, се борам со моите креативни идеи. Зафатена сум!

Потоа додава уште еден „модерен“ пресврт:

– Секако, ако ги поместам моите креативни идеи на 9, сепак ќе имам време да лежам во кревет и бескрајно да скролам низ видеата на Тик-Ток. Или, можам само да им посакам на сите Среќен Божиќ и Среќна Нова Година.

Урнебесното видео завршува со враќање на песната и текстот: Кога бев млада, никогаш не ми требаше никој.“ Таа додаде со објавата: „Тивка ноќ? Не додека сум јас тука…“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Поврзани содржини