КАКО МОЖЕ ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА МОЈОТ ТАТКО ДА БИДЕ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ?! Ќерката на Југослав Николовски бара правда

Обвинетиот управувал мотор „кавасаки“ без возачка дозвола и без заштитна кацига, ја прегазил жртвата на пешачка патека и потоа два дена бил во бегство.

3,136

„Прегазувањето на мојот татко не може да се прикаже како несреќен случај или обичен инцидент“, вели Маја Бошковска, ќерката на 68-годишниот Југослав Николовски.

Таа реагираше по рочиштето во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што обвинетиот се обидува трагичниот настан да го претстави како случајност. Според неа, татко ѝ бил прегазен на пешачка патека, пред нивниот дом. Тоа е простор што секојдневно го користат и други граѓани, меѓу кои и деца.






Семејството, како што вели таа, не може да прифати вакво објаснување. Обвинетиот управувал мотор „кавасаки“ без возачка дозвола и без заштитна кацига.

Дополнително, по инцидентот, обвинетиот два дена бил во бегство. Според Бошковска, ваквото однесување не може да се третира како несреќа. Тоа е сериозна и свесна неодговорност со трагичен исход.

Во меѓувреме, судската постапка влезе во завршна фаза. По изнесувањето на завршните зборови од обвинителството и на одбраната, пресудата е закажана за 29 декември. Семејството на жртвата очекува строга и праведна одлука. На тој начин, како што велат, ќе се испрати јасна порака дека сообраќајното насилство не смее да се релативизира.

Поврзани содржини