УШТЕ 14,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОДАТ ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ Досега бизнисот доби речиси 218 милиони евра од унгарскиот кредит
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесуваат 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.
Министерството за финансии (МФ) од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании во вкупен износ од 14,2 милиони евра.
Со исплатата на овие транши, информираат од Министерството, вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании.
Владата средствата ги обезбеди преку кредитна линија од унгарската Експорт-импорт банка, со цел поддршка на домашната економија, а преку пласман на средства по поволни услови за компаниите за реализација на приватните инвестиции во развој на компаниите и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно и рок на отплата до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесуваат 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.