ЌЕРКАТА НА ЏАФЕРИ БИЛА ВО ОДБОРОТ, СДСМ И ДУИ КРАДЕЛЕ Дали затоа беше гласан поранешниот собраниски спикер?

Петрушевски тврди и дека, како што вели, затоа СДСМ и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечиј џеб.

1,057

Државното претпријатие ЕСМ било третирано како партиски плен на СДСМ и ДУИ. Поради тоа, ќерката на поранешниот прв човек на парламентот, Талат Џафери, била дел од Надзорниот одбор во време кога, како што тврди тој, биле правени криминали. Ова од партиската говорница го обвини пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истиот оној Талат Џафери, кој СДСМ и ДУИ со две раце го гласаа за да стане незаконски претседател на Собранието. Истовремено, неговата ќерка беше изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.






Затоа на СДСМ и на ДУИ не им се допаѓа темата. Затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал“, обвинува Петрушевски.

Петрушевски тврди и дека, како што вели, токму поради тоа СДСМ и ДУИ молчат. Според него, тие не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина. Дополнително, тој посочува и на испрани 2 милиони евра кои, како што вели, завршиле во нечиј џеб.

„Каде завршиле овие 2 милиони евра? Дали кај структури блиски до врвот на СДСМ или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДСМ и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? Јавноста заслужува одговори. Таа заслужува да види како СДСМ и ДУИ раководеа со државните институции.

Од тие причини, Јавното обвинителство треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. „Правда мора да има!“, подвлекува Петрушевски.

Поврзани содржини