ВЕНЕЦУЕЛА СЕ НАДЕВА НА ПОМОШ ОД РУСИЈА Лавров ветил поддршка и соработка

Рускиот министер на надворешни работи ги осудил американските притисоци во карипскиот регион.

192

Москва е подготвена да ѝ обезбеди на Венецуела сеопфатна соработка и цврста поддршка во спротивставувањето на нелегитимните притисоци и блокадата од страна на САД, напиша министерот за надворешни работи на Венецуела Иван Хил на социјалната мрежа Телеграм по телефонски разговор со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.

Во текот на разговорот била анализирана и безбедносната состојба во карипскиот регион, при што било укажано на агресивните потези на Вашингтон и сериозните прекршувања на меѓународното право. Меѓу нив се наведуваат напади врз бродови, вонсудски ликвидации и акти на пиратство, за кои венецуелските власти директно ги обвинуваат САД.






Лавров, според соопштението, остро ја осудил ваквата практика, нагласувајќи дека таквите дејствија се недозволиви. Тој изразил силна солидарност со народот на Венецуела и потврдил дека Русија ќе продолжи да ја поддржува земјата во напорите за зачувување на регионалниот мир и почитувањето на принципите на меѓународното право.

Од друга страна, САД своето засилено воено присуство во Карибите го оправдуваат со борбата против трговијата со дрога. Во текот на септември и октомври, американските вооружени сили повеќепати уништуваа бродови во близина на венецуелскиот брег, за кои тврдат дека биле вклучени во шверц на наркотици – потези што Каракас ги оценува како закана за својот суверенитет.

Поврзани содржини