ХАОС НА ЕВРОПСКИТЕ АЕРОДРОМИ ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ШЕНГЕН СИСТЕМОТ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ Патниците чекаат и по 3 часа

Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) ги повика Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки на Шенген итно да се справат со растечките оперативни проблеми со имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) или да ја  обезбеди поголема флексибилност при неговата примена до целосното воведување на сите аеродроми.

2,620

Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES), кој започна на 12 октомври 2025 година предизвика хаос на аеродромите, посебно во периодот на зголемени гужви. Патниците чекаат и по 3 часа за да ги поминат сите процедури. Аеродромските служби предупредуваат дека доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари, многу тешко ќе биде да се реализира обврската за зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, а хаосот на аеродромите ќе биде уште поголем, а довербата на патниците драстично ќе се намали.

Сегашниот праг на регистрација на патниците е 10%.






Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) ги повика Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки на Шенген итно да се справат со растечките оперативни проблеми со имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) или да ја  обезбеди поголема флексибилност при неговата примена до целосното воведување на сите аеродроми.

Оттаму велат дека, прогресивното зголемување на регистрацијата и снимањето на биометриски податоци од државјани на трети земји кои влегуваат во Шенген зоната резултира со зголемување на времето за обработка на граничната контрола на аеродромите до 70%, со време на чекање до 3 часа во периодите на најголем сообраќај.

– Ова сериозно влијае на искуството на патниците – особено засегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија – велат од ACI.

Од Меѓународниот совет на аеродроми наведуваат дека и по два месеца од воведувањето  на системот за влез и излез се уште имаат проблеми со прекини во системот, неговата конфигурација, недостапност на портите за автоматска гранична контрола (ABC) за обработка на EES на многу аеродроми.

Како проблем се наведуваат и немањето доволен број киосци на кои ќе се остават биометриските податоци и недостиг од полициски кадар.

-Значителна непријатност веќе им се нанесува на патниците, а операциите на аеродромите се засегнати со моменталниот праг за регистрација на државјани од трети земји поставен на само 10%. Освен ако сите оперативни прашања што ги покренуваме денес не се решат целосно во наредните недели, зголемувањето на овој праг за регистрација на 35% од 9 јануари – како што бара календарот за имплементација на EES – неизбежно ќе резултира со многу посериозни застои и системски нарушувања за аеродромите и авиокомпаниите. Ова веројатно ќе вклучува сериозни безбедносни опасности – вели  Оливие Јанковец, генерален директор на ACI EUROPE.

ACI EUROPE е европскиот регион на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), единственото светско професионално здружение на оператори на аеродроми. ACI EUROPE претставува над 600 аеродроми во 55 земји. Нашите членови овозможуваат над 95% од комерцијалниот воздушен сообраќај во Европа.

Поврзани содржини