УВЕЗЕНИ 22 ТОНИ ЦРВОСАНИ КИВИ ОД СРБИЈА Агенцијата за храна нареди да се уништат

На увозникот му е издедено решение со наредба нештетно да ги уништи спорните количини киви, откако тој ивестил дека пратката не може да се врати во земјата извозник, Србија, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

1,060

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и на инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.

Како што информираат од АХВ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Србија. При преглед на пратката инспектор за храна утврдил дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.






„На увозникот му е издедено решение со наредба нештетно да ги уништи спорните количини киви, откако тој ивестил дека пратката не може да се врати во земјата извозник“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Поврзани содржини