НАУМОСКИ МАТЕЛ ТЕНДЕРИ, КРАЈOВСКИ ПРОНЕВЕРИЛ ЕВРОПСКИ ПАРИ? „Новите“ кадри на Филипче се стари кадри на Заев

Александар Наумоски е поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров кој е запаметен по тоа што првиот чекор по преземањето на градоначалничката фотелја си ја зголеми платата, и си купи БМВ Х5. Европските пари кои беа потрошени за реновирање на затворот во Битола со кој раководел Драган Крајовски, се под знак прашања обвинува Валентин Манасиевски за кадрите на СДСМ.

1,234

Новите лица на лидерт на СДСМ Венко Филипче, во суштина се стари кадри на екс-лидерот Зоран Заев, неквалитетни, некомпетентни и лица кои јавноста не ги памети по добро, обвинува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Такви примери се Александар Наумоски и Драган Крајовски, членови на новото раководство на Филипче, напишано од Заев, вели Манасиевски од партиската говорница.






„Да ја потсетиме јавноста на овие двајца нови кадри на СДСМ.

Александар Наумоски е поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров во периодот од 2017-2021 година, кој е запаметен по тоа што првиот чекор по преземањето на градоначалничката фотелја си ја зголеми платата, и си купи БМВ Х5, а на граѓаните им порача, цитирам: ‘Па нема ние со магариња да патуваме’. За време на неговиот мандат граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваа со сериозни проблеми како недостиг на вода за домашна употреба, недоволен број на места во детските градинки во општината, и комунални проблеми во повеќе населени места. За време на ковид кризата, наместо средствата да бидат насочени кон заштита на здравјето и животот на граѓаните, Наумоски потроши околу 10 милиони денари или околу 180.000 евра за партиски вработувања преку договори за привремени ангажмани. Од вкупно 256 ветени проекти, Наумоски ‘реализираше’ само 18, односно 6,6%, меѓу кои и двапати асфалтирање на истиот кружен тек во Волково во рок од пет месеци. При крајот на мандатот Наумоски се обиде да протурка 25 урбанистички планови за само шест месеци, со цел да може да профитира. Наумоски исто како и Зоран Заев и Венко Филипче, беше дел од сомнителни тендерски шеми. Пример за тоа е набавката на две машини за перење за општинска градинка, по цена од 25.500 евра. Тендерот го добила фирма со седиште во непосредна близина на општинската зграда и соседството каде што живее Наумоски. Фирма која редовно добивала тендери во општина Ѓорче Петров и градинката ‘Росицаќ, или за два месеци општината имаше распишано четири тендери, и сите четири ги добила истата оваа фирма.

Од друга страна, неговиот колега Драган Крајовски, исто така неуспешен адвокат, во 2017 година беше именуван за директор на затворот ‘Црн мост’ во Битола од страна на Зоран Заев. Како директор, тој по личен избор вршел распоред на осудени лица за престој во отворени затворски одделенија. На 11 јули 2023 година, во затворот ‘Црн мост’ избувна пожар во една од затворските ќелии, при што беше повреден затвореник, а за овој инцидент, Крајовски целосно молчеше и не ја информираше јавноста. Европските пари кои беа потрошени за реновирање на затворот се под знак прашања, бидејќи за само 2,5 години, ѕидовите се ронеа, а пречистителната станица не беше во функција. Крајовски се поврзува и со случајот во Средношколскиот дом ‘Мирка Гинова’ во Битола, за кој ОЈО отвори истрага поради сомнежи за злоупотреба на службената положба, каде што во повеќе наврати користел службено возило за приватни патувања во странство, за време на викенди, во Албанија и Србија. Крајовски инаку, важи за близок до поранешниот директор на АД ЕСМ, сега бегалец, Васко Ковачевски.

Почитувани граѓани, Овие луѓе се остатоци од Зоран Заев, кој Филипче ги собира бидејќи неговиот ментор Заев така му кажал. Со овие луѓе СДС оди под 100.000 гласови.

Поврзани содржини