СТАБИЛНО ВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ, ЌЕ ИМА И СОНЦЕ Врнежите ќе дојдат во вторник
До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Времето утре, сабота, 20 декември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во интервал од -3 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Температурите ќе бидат во интервал од -3 до 7 степени.