ИНЦИДЕНТ НА РАБОТНО МЕСТО ВО БИТОЛА 54-годишен маж хоспитализиран со тешки телесни повреди

Инцидентот се случил при извршување на работните обврски, а полицијата и трудовите инспектори го истражуваат случајот за да утврдат околности и можни пропусти во безбедноста.

196

Во Клиничката болница во Битола вчера попладне е хоспитализиран 54-годишниот Б.В. од Битола, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во приватна фирма.

Според пријавата до СВР Битола, инцидентот се случил во текот на извршување на работните обврски на лицето. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа, а случајот е пријавен и до трудов инспектор за понатамошна истрага.






Полицијата ја истражува причината за повредите и околностите под кои се случил инцидентот, за да се утврди дали станува збор за непочитување на безбедносните протоколи на работното место.

Поврзани содржини