📽️ 📷 БУРА ГО ПОПЛАВИ ДУБАИ, УЛИЦИТЕ ПРЕТВОРЕНИ ВО РЕКИ Неверојатни сцени од пустина, нешто што не е видено 76 години

Поради нестабилните временски услови, полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови барем до петок попладне, додека на приватниот сектор му беше препорачано да работи од дома.

1,643

Дубаи беше погоден од обилни дождови и моќни грмотевици кои предизвикаа сериозни поплави низ градот за кратко време.

Улиците се претворија во реки на бројни локации, а водата го парализираше сообраќајот и доведе до доцнење на летовите на аеродромите во Дубаи и Абу Даби.






Поради нестабилните временски услови, полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови барем до петок попладне, додека на приватниот сектор му беше препорачано да работи од дома.

 

Националниот центар за метеорологија на Обединетите Арапски Емирати претходно предупреди за обилни врнежи од дожд низ целата земја, со локализирани врнежи од дожд кои особено ги погодија областите со неразвиени системи за одводнување.

 

Според официјалните податоци, ова е најинтензивниот дожд во ОАЕ во последните 76 години.

Метеоролозите предупредуваат дека ваквите екстремни врнежи од дожд повеќе не се исклучок, туку дел од трендот на сè почести временски екстреми, како оние регистрирани минатата година, кои се дополнително поттикнати од климатските промени.

 

Властите ги повикаа граѓаните да бидат претпазливи додека не се смири ситуацијата.

Поврзани содржини