КОЦЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДАЛ ОСТАВКА СО ГОРДО КРЕНАТА ГЛАВА Немал време да подготви соодветно обраќање пред пратениците

721

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска соопшти дека заминува од функцијата со гордо крената глава и дека предлогот за негово разрешување е политички мотивиран.

– Од функцијата што ја вршев помалку од две години заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава. Доказ за тоа е што што дури денеска на само еден час пред закажаниот почеток ми беше доставена покана да присуствувам на седницата на Собранието на која ќе се расправа за мое разрешување. Предлогот за разрешување воопшто не ми е доставен така што не знам за што треба да се произнесам – рече Коцевски.






Тој денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата и рече дека функцијата ја вршел чесно и достоинствено.

Коцевски смета дека денешната собраниска седница требало да претставува само формалност, бидејќи не му бил оставен разумен рок за да подготви соодветно обраќање.

– Државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда. Тоа е така, не заради заштита на Љупчо Коцевски или било кој што ќе дојде на функцијата, туку заради заштита на самостојноста на ЈО и начелото на поделба на власта, принципи кои денес се длабоко нарушени… – рече меѓу другото Коцевски.

Неговата оставка е доставена до Собранието.

На денешната 76. седница Собранието требаше да расправа по владиниот Предлог за разрешување на Коцевски.

 

Поврзани содржини