В ПЕТОК 3-И/АТЛАС ЌЕ ПОМИНЕ НАЈБЛИСКУ ДО ЗЕМЈАТА Ќе може да се види ноќе со телескоп
Американската вселенска агенција со повеќе телескопи ја следи неговата траекторија и проценува дека има пречник меѓу 440 метри и 5,6 километри, а ќе помине на растојание од околу 269 милиони километри од Земјата.
Меѓуѕвездениот астероид, која потекнува од далечен ѕвезден систем надвор од Сончевиот, оваа недела ќе помине покрај Земјата, по што трајно ќе го напушти нашиот планетарен систем, соопшти НАСА.
Станува збор за вселенското тело 3-И/Атлас, откриено во текот на летото, кое во петок ќе се доближи до Земјата на растојание од околу 269 милиони километри.
Кај 3-И/Атлас досега не се забележани карактеристики на комета – нема јасна опашка, ниту докази за испарување на мраз. Поради тоа се класифицира како меѓуѕвезден астероид, односно неактивно тело што не потекнува од нашиот Сончев систем. Aтлас е името на телескопскиот систем што го откри објектот.
Американската вселенска агенција со повеќе телескопи ја следи неговата траекторија и проценува дека има пречник меѓу 440 метри и 5,6 километри. Земајќи предвид дека астероидот постепено бледнее, астрономите посочуваат дека ноќниот период е најповолен за негово набљудување, со помош на телескопи.
Во март 3-И/Атлас ќе помине релативно блиску до Јупитер – на околу 53 милиони километри, по што ќе продолжи по својата патека кон надворешните делови на Сончевиот систем.
Меѓуѕвездените астероиди потекнуваат од ѕвездени системи на други места во Млечниот Пат, додека кометите од Сончевиот Систем, како домашната Халеева Комета, доаѓаат од неговите ледени рабови.
Според Пол Чодас, директор на Центарот на НАСА за проучување на објекти блиску до Земјата, 3-И/Атлас дури во средината на 2030 година ќе се врати во меѓуѕвездениот простор и нема повторно да се појави во близина на Земјата.
3-И/Атлас е трет познат меѓуѕвезден објект кој поминал низ Сончевиот Систем. Од НАСА нагласуваат дека тој не претставува опасност за Земјата и дека, според научните проценки, можно е да настанал во друг систем значително постар од Сончевиот, што го прави особено значаен за научни истражувања и анализа.